ОПШТИ УСЛОВИ за користење на услугата “Мали огласи” на Македонски Телеком

За услугата “Мали огласи”
“Мали огласи” е услуга на Македонски Телеком и е дел од содржините на Порталот ИДИВИДИ. Корисник на оваа услуга може да биде секој посетител на сајтот malioglasi.idividi.com.mk.

Правила и услови за користење на услугата Mали огласи
Страницата "Mали огласи" е сопственост на Македонски Телеком. За време на користењето на "Мали огласи", се применуваат правилата кои се овде наведени, воедно и сите услови, правила и прописи кои произлегуваат од важечката регулатива. "Мали огласи" го задржува правото на промена на правила и условите во било кој момент без претходна најава. Промените стапуваат на сила и ќе се применуваат веднаш по објавувањето.

Употреба и заштита на податоци
При користењето на усугата „Мали огласи“, должни сте да обезбедите, вистинитост и точност на податоците кои ги давате. Со користење на услугата/сајтот согласни сте дека податоците/информациите кои ги внесувате може да бидат јавно достапни и на увид на сите кои се заинтересирани за огласот, а во согласност со овие правила и услови за користење. Огласувачот се согласува неговата е-маил адреса, “Мали огласи” може да ја употреби за испраќање и примање на пораки во врска со огласот или рекламни пораки и маркетинг комуникација, поврзани со услуги на Македонски Телеком и ИДИВИДИ, како и останати производи и услуги.
„Мали огласи“ покрај останатите податоци кој ги внесува корисникот на сајтот користи и cookie (доколку се овозможени во Интернет пребарувачот на корисникот), а се со цел да обезбеди подобра услуга и користење на сите можности на услугата „Мали огласи“. Доколку опцијата cookie не е активирана од стана на Корисникот, Македонски Тлеком нема да биде во можност да овозможи дел од услугите на „Мали огласи“. Во овој случај „Мали огласи“ не одговара и не прифаќа дополнителните рекламации кои би произлегле поради неактивирањето на оваа опција, и е надвор од делокругот на одговорност на „Мали огласи“. За податоците кои се јавно достапни односно објавени од страна на Огласувачот, „Мали огласи“ не е во состојба ниту може да преземе било каква одговорност. За останатите податоци “Мали огласи” гарантира дека нема да ги објавува, продава или дава на трета страна, освен во случај на законска или друга регулативна обврска.
Серверот на кој е поставен “Мали огласи” (како и секој друг web сервер) ги бележи податоците односно статистиката на посети и IP адреса на посетителот / корисникот на сајтот).

Заштита на авторски права
Податоците на “Мали огласи” се заштитени со Законот за авторското право и сродните права (Службен Весник на РМ бр.47/1996, бр.3/1998, бр.98/2002 и бр.4/2005). Авторските права кои се однесуваат на “Мали огласи” ги вклучува текстовите, нивниот формат, фотографии и други графички прикази кои припаѓаат на “Мали огласи”. Податоците може да се користат само на начинот предвиден со овие правила и услови на користење. Користењето на податоците за други цели, како копирање, препис, дистрибуција на податоците, печатење, без претходно одобрување е спротивно на Законот за авторското право и сродните права и подлегнувате на санкции. “Мали огласи” се оградува од учество во евентуални спорови, а во врска со повреда и заштита на авторските права на корисникот односно лицето што огласува на “Мали огласи”.

Исклучување од употреба, надоместок на штета
“Мали огласи” го задржува правото да го исклучи од понатамошна употреба на страницата оној корисник кој на било кој начин ги крши правилата и условите за користење или на било кој начин ги повредува правата на корисникот односно лицето што огласува.
“Мали огласи” воедно го задржува правото да од понатамошна употреба на страницата го исклучи оној корисник кој ги злоупотребува објавените податоци или на било кој начин неовластено го користи „Мали огласи“, а особено во смисла:

“Мали огласи”, покрај правото да го исклучи таквиот корисник, го задржува правото и може да побара надоместок на штета.

Гаранции
"Мали огласи" до максимална дозволена законска граница на одговорност, се исклучува од било каква штета, загуба или повреда која може да настане непосредно или посредно поради:

„Мали огласи“ не може да носи никаква одговорност за било која содржина прикажана на страницата од страна на трети лица. Мали огласи може да содржи линкови кон други страници, но не одговара за услугите и производите до кој е дојдено со помош на „Мали огласи“. „Мали огласи“ повремено може да биде недостапен поради технички проблеми. “Мали огласи” не е одговорен за било која правна постапка или тужба базирана на повреда на било кое авторско право или право на интелектуална сопственост.
„Мали огласи“ не може да гарантира за содржината на информациите која ќе ја објавуваат корисниците на сајтот за мали огласи, а ќе биде внесена директно од самиот сајт. Доколку пристигнат пораки испратени од страна на корисниците со груба, недолична, вулгарна, застрашувачка, заканувачка или противзаконска содржина, како и содржина со која се повикува кон насилно уривање на Уставниот поредок на Република Македонија или пак содржини со кои се нарушуваат авторски права, истите ќе бидат отстранети откако администраторот на страницата ќе ги воочи или по приговор на корисник, но во секој случај не подоцна од 72 часа од денот на нивното објавување, односно од денот на приговор. За секој приговор поднесен од определен корисник, од причини наведени погоре, Македонски Телеком ќе сочува соодветен електронски запис.

Оглас
При предавање на огласот, огласувачот дава за право да преку услугата “Мали огласи”, јавно се објави информацијата. Строго се забранува предавање на огласот на “Мали огласи” на било кој друг начин освен со оној кој е истакнат/објавен од страна на “Мали огласи”.
“Мали огласи” ги вложува сите напори на своите корисници да им понуди квалитетна услуга поради што го задржува правото на уредување, изменување, бришење или не објавување на огласи кои не ги задоволуваат критериумите, а особено ако станува збор:

Огласувачот е согласен