Станови

Куќи

Деловен простор

Гаражи

Магацини

Викендици

Плацови

Автомобили

Моторцикли

Моторни Возила

Компјутери

Електронска опрема

Машини и алати

Мебел

Домакинство

Градежни материјали

Фото опрема

Музички инструменти

Спорт и рекреација

Книги и списанија

Медицина

Животни

Растенија

Игри и забава

Уметнини

Облека и обувки

Работа

Услуги

Деловни контакти

Лични контакти

Стоковна размена

Изгубено и најдено

Разно


ОПШТИ УСЛОВИ за користење на услугата “Мали огласи” на Македонски Телеком

За услугата “Мали огласи”
“Мали огласи” е услуга на Македонски
Телеком и е дел од содржините на Порталот ИДИВИДИ. Корисник на оваа услуга може да биде секој посетител на сајтот malioglasi.idividi.com.mk.

Правила и услови за користење на услугата Mали огласи
Страницата "Mали огласи" е сопственост на Македонски
Телеком. За време на користењето на "Мали огласи", се применуваат правилата кои се овде наведени, воедно и сите услови, правила и прописи кои произлегуваат од важечката регулатива. "Мали огласи" го задржува правото на промена на правила и условите во било кој момент без претходна најава. Промените стапуваат на сила и ќе се применуваат веднаш по објавувањето.

Употреба и заштита на податоци
При користењето на усугата „Мали огласи“, должни сте да обезбедите, вистинитост и точност на податоците кои ги давате. Со користење на услугата/сајтот согласни сте дека податоците/информациите кои ги внесувате може да бидат јавно достапни и на увид на сите кои се заинтересирани за огласот, а во согласност со овие правила и услови за користење. Огласувачот се согласува неговата е-маил адреса, “Мали огласи” може да ја употреби за испраќање и примање на пораки во врска со огласот или рекламни пораки и маркетинг комуникација, поврзани со услуги на Македонски Телеком и ИДИВИДИ, како и останати производи и услуги.
„Мали огласи“ покрај останатите податоци кој ги внесува корисникот на сајтот користи и cookie (доколку се овозможени во Интернет пребарувачот на корисникот), а се со цел да обезбеди подобра услуга и користење на сите можности на услугата „Мали огласи“. Доколку опцијата cookie не е активирана од стана на Корисникот, Македонски Тлеком нема да биде во можност да овозможи дел од услугите на „Мали огласи“. Во овој случај „Мали огласи“ не одговара и не прифаќа дополнителните рекламации кои би произлегле поради неактивирањето на оваа опција, и е надвор од делокругот на одговорност на „Мали огласи“. За податоците кои се јавно достапни односно објавени од страна на Огласувачот, „Мали огласи“ не е во состојба ниту може да преземе било каква одговорност. За останатите податоци “Мали огласи” гарантира дека нема да ги објавува, продава или дава на трета страна, освен во случај на законска или друга регулативна обврска.
Серверот на кој е поставен “Мали огласи” (како и секој друг web сервер) ги бележи податоците односно статистиката на посети и IP адреса на посетителот / корисникот на сајтот).

Заштита на авторски права
Податоците на “Мали огласи” се заштитени со Законот за авторското право и сродните права (Службен Весник на РМ бр.47/1996, бр.3/1998, бр.98/2002 и бр.4/2005). Авторските права кои се однесуваат на “Мали огласи” ги вклучува текстовите, нивниот формат, фотографии и други графички прикази кои припаѓаат на “Мали огласи”. Податоците може да се користат само на начинот предвиден со овие правила и услови на користење. Користењето на податоците за други цели, како копирање, препис, дистрибуција на податоците, печатење, без претходно одобрување е спротивно на Законот за авторското право и сродните права и подлегнувате на санкции. “Мали огласи” се оградува од учество во евентуални спорови, а во врска со повреда и заштита на авторските права на корисникот односно лицето што огласува на “Мали огласи”.

Исклучување од употреба, надоместок на штета
“Мали огласи” го задржува правото да го исклучи од понатамошна употреба на страницата оној корисник кој на било кој начин ги крши правилата и условите за користење или на било кој начин ги повредува правата на корисникот односно лицето што огласува.
“Мали огласи” воедно го задржува правото да од понатамошна употреба на страницата го исклучи оној корисник кој ги злоупотребува објавените податоци или на било кој начин неовластено го користи „Мали огласи“, а особено во смисла:

  • Копирање на содржините објавени на “Мали огласи” и објави во/на некој друг медиум на огласување
  • Дискредитација на услугата и користење на “Мали огласи” како медиум за промовирање на услуга за огласување на слични страници, или огласување во други медиуми, контактирајќи ги постојните корисници или на било кој друг начин нудејќи им сопствени услуги за огласување.

“Мали огласи”, покрај правото да го исклучи таквиот корисник, го задржува правото и може да побара надоместок на штета.

Гаранции
"Мали огласи" до максимална дозволена законска граница на одговорност, се исклучува од било каква штета, загуба или повреда која може да настане непосредно или посредно поради:

  • користење на страницата/услугата “Мали огласи”
  • користење на страниците до кој водат линкови од страницата “Мали огласи”
  • информациите на “Мали огласи”
  • постапките кој се превземени или не, а се во врска со информациите на страницата “Мали огласи”
  • употреба, невозможност за употреба или злоупотреба на било која од горе наведените страници.

„Мали огласи“ не може да носи никаква одговорност за било која содржина прикажана на страницата од страна на трети лица. Мали огласи може да содржи линкови кон други страници, но не одговара за услугите и производите до кој е дојдено со помош на „Мали огласи“. „Мали огласи“ повремено може да биде недостапен поради технички проблеми. “Мали огласи” не е одговорен за било која правна постапка или тужба базирана на повреда на било кое авторско право или право на интелектуална сопственост.
„Мали огласи“ не може да гарантира за содржината на информациите која ќе ја објавуваат корисниците на сајтот за мали огласи, а ќе биде внесена директно од самиот сајт. Доколку пристигнат пораки испратени од страна на корисниците со груба, недолична, вулгарна, застрашувачка, заканувачка или противзаконска содржина, како и содржина со која се повикува кон насилно уривање на Уставниот поредок на Република Македонија или пак содржини со кои се нарушуваат авторски права, истите ќе бидат отстранети откако администраторот на страницата ќе ги воочи или по приговор на корисник, но во секој случај не подоцна од 72 часа од денот на нивното објавување, односно од денот на приговор. За секој приговор поднесен од определен корисник, од причини наведени погоре, Македонски
Телеком ќе сочува соодветен електронски запис.

Оглас
При предавање на огласот, огласувачот дава за право да преку услугата “Мали огласи”, јавно се објави информацијата. Строго се забранува предавање на огласот на “Мали огласи” на било кој друг начин освен со оној кој е истакнат/објавен од страна на “Мали огласи”.
“Мали огласи” ги вложува сите напори на своите корисници да им понуди квалитетна услуга поради што го задржува правото на уредување, изменување, бришење или не објавување на огласи кои не ги задоволуваат критериумите, а особено ако станува збор:

  • огласот да е поставен во несоодветна рубрика
  • кога описот на производот е непотполн и / или цената е неточна или непотполна
  • кога производителот и / или огласувачот ги крши авторските права и други сродни права и / или правата на интелектуална сопственост на трето лице и на тој начин предизвика штета
  • кога производот и / или содржината на огласот содржат дискриминирачки аспекти или со закон недопуштени и забранети материјали
  • кога еден оглас содржи повеќе производи и услуги
  • кога било кој оглас има навредлива содржина спрема оваа услуга и / или кон услугите на Македонски Телеком
  • кога огласот е сомнителен во смисла на продажба на нелегална и сомнителна стока, производ и / или услуга
  • кога целта на огласот е промоција на фирма, компанија директно или индиректно
  • кога огласот на било кој начин го нарушува квалитетот на содржината
  • кога се огласуваат лекови, украдени предмети, порнографија чија продажба не е во склад со законските прописи, предмети со чија продажба се кршат авторските права и / или други сродни права, илегални копии на софтвер, филмови, музика, останати предмети чија продажба предизвикува кршење на законските прописи.

Огласувачот е согласен

  • да му бидат избришани сите податоци доколку огласот не е во склад со правилата на користење на оваа услуга
  • да ја користи услугата “Мали огласи”, а при тоа да не ги крши авторски права и / или други сродни права, т.е. "copyright"-a на заштитен знак или лого
  • дека нема да испраќа скриена или кодирана порака
  • дека нема еден оглас повеќе пати да го внесува во иста рубрика
  • сите информации, вклучувајќи фотографии, по трансферот на податоци станат сопственост на “Мали огласи”
  • лицата кој го одржуваат “Мали огласи” како и сопственикот Македонски Телеком не се одговорен за штетите кои може да настанат поради грешка која е можна да настане во тек на автоматска обработка на податоци или приказот на податоците
  • “Мали огласи” во ниеден дел не учествува во продажбата на предметите, освен во смисла на нудење на услуга - огласување на “Мали огласи”
  • Купо-продажбата се одвива исклучиво помеѓу продавачот и купувачот. Корисниците на “Мали огласи” согласни се сите контакти да се одвиваат исклучиво на нивен ризик и прифаќаат дека “Мали огласи” нема одговорност или обврска за било какви штетни последици кој би настанале. “Мали огласи” не ја прифаќа одговорноста ниту гарантира за било кој предмет прикажан или продаден од оваа страница вклучувајќи: сопственост на било кој предмет, точност или вистинитост на описот.

 

 
   
:::::::    ИДИВИДИ не превзема никаква одговорност за точноста и содржината на огласите    :::::::
 
 
  додавање оглас   бришење и менување на оглас услови и правила предлози контакт